САД не личат на себе: Уште двајца кошаркари го откажаа настапот на Мундобаскетот (ФОТО)

Плејмејкерот на Портланд, Демијан Лилард, како и бекот на Сан Антонио, Демар Дерозан, одлучија да го пропуштата Светското првенство во Кина.

Ова е уште еден шок за селекторот на САД, Грег Попович, бидејќи претходно својот настап во Кина го откажаа седуммина играчи (Ентони Дејвис, Џејмс Харден, Тобијас Херис, Си Џеј Мекалум, Дредли Бил, Ерик Гордон и Зајон Вилијамсон).

„Дрим - тимот“ како што воедно ја нарекуваат селекцијата на САД полека се „распаѓа“, бидејќи исто така се споменува дека и крилниот центар на Кливленд, Кевин Лав, нема да биде дел од тимот кој ќе патува во Азија.