САД ја совлада Австралија сред Мелбурн во спектакл пред 50.000 навивачи

Кошаркаркарската репрезентација на САД победи во пријателскиот меч против Австралија со 102-86, во вистински спектакл во Мелбурн пред 55.000 луѓе.

По воведните 6-0 за САД, Австралија се врати во мечот и играше одлично, а по првата четвртина имаше негатива од 20-22.

Австралијците направија пресврт на стартот на втората четвртина (25-22), но потоа почна доминацијата на САД, кој стигна до 39-28 во еден момент.

Австралија се освести во финишот на првото полувреме, па на пауза замина со негатива од 43-44.

Во второто полувреме САД направи серија од 10-0, па стигнаа до 54-45, а третата четвртина ја завршија со предност од 76-61, а до крајот на мечот го одржаа Американците го одржаа водството за конечни 102-86.

Најдобар во тимот на САД беше Кемба Вокер со 23 поени, додека кај Австралија најефикасни беа Пети Милс и Крис Голдинг со по 19 поени.