Резил на стартот: Кадетките даваа кош на секои 200 секунди, па загубија со 77 разлика!

Катастрофалниот квалитет со кој располагаме во сите возрасни категории во женската кошарка се појави на виделина и на Европското првенство (ЕП), дивизија Б, за кошаркарки до 16 години кое го почнавме со пораз од Холандија и тоа со неверојатни 77 поени разлика (24-101).

Кадетките, математички кажано, постигнуваа по еден кош на секои 200 секунди, а мора да се нагласи дека во првите 20 минути реализираа само пет поени додека противникот постигна 54.

Габриела Модева со 10 поени и седум скока беше малку подобра од останатите во нашиот тим. Следен противник на македонските кадетски е Бугарија, меч кој ќе го одиграме в сабота.