Претквалификациите за СП ќе ги почнеме со Швајцарија со желба да не сме – последни!

Македонската кошаркарска репрезентација претквалификациите за пласман на Светското првенство (СП) во 2023 година ќе го одигра во „балон“ во периодот од 12 до 18 август, чиј организатор ќе биде одреден следниот месец.

Челниците на ФИБА денеска го објавија распоред на натпревари од групата во која се уште и Швајцарија и Словачка, добро познати ривали против кои игравме пред четири години во прелиминарната фаза на пат кон ЕП 2022, кој за нас заврши неуспешно. Жолто-црвените турнирот ќе го почнат против незгодните Швајцарци, кои неодамна успеаја дури и да ја победат големата Србија, а ќе играат секој втор ден со завршна пресметка против Словачка.

Тоа ќе биде деби на новиот селектор Драган Бајиќ, кој неодамна беше промовиран во наследник ан Александар Тодоров.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ:

12.08.2021 (четврток)

Македонија – Швајцарија

14.08.2021 (сабота)

Словачка – Македонија

16.08.2021 (понеделник)

Швајцарија – Македонија

18.08.2021 (среда)

Македонија – Словачка