Поранешен репрезентативец на Македонија потпиша за руски Уникс!

Поранешниот македонски репрезентативец, Џордан Теодор си замина од редовите на Бешикташ и веднаш пронајде нов клуб во Уникс Казањ. 

Американецот си замина од Истанбул поради неисплатени плати иако беше еден од најдобрите во тимот. Тој своите плати ќе си ги бара преку арбитражната комисија на ФИБА. Уникс е силен состав, кој се натпреварува во ВТБ-лигата и Еурокупот, а Теодор треба да биде големо засилување.

За него ова ќе биде прво искуство во Русија, бидејќи претходно најголем дел од кариерата мина во Турција, а освен во Бешикташ играше и за Мерсин, Анталија и Банвит, потоа за Олимпија Милано, АЕК, Скајлајнерс Франкфурт и други.