Попович со строги правила - им забрани мобилни телефони на кошаркарите

И покрај тоа што околу 40 кошаркари одбија настап за американската репрезентација на претстојното Светско првенство во Кина, сепак САД и понатаму е фаворит за првото место.

Една од причините поради која се фаворити е тренерот Грег Попович, кој е еден од најдобрите стратези во историјата на кошаркарта.

Попович на новинарите им откри дека имаат и строги правила, па така тие не смеат да користат мобилни телефони на вечера.

„Заедно одиме на вечери и поминуваме време надвор од теренот, учиме за кошаркарите и нивните семејства. Не ги познаваме нивните сопруги, девојки и деца како во нашите НБА-екипи, па така тоа е бавен процес. На вечера одиме без мобилни телефони и разговараме меѓу себе. Не смееме да скокаме чекори, туку учиме за нив колку што можеме повеќе“, кажа Попович.