По стапките на Антиќ и на Стефанови: Македонски репрезентативец потпиша за грчки АЕК!

Поранешниот кошаркарски репрезентативец на Македонија, Џордан Теодор, кариерата ќе ја продолжи во дресот на грчки АЕК, откако денеска потпиша договор со важност до крајот на сезоната со тимот од Атина.

За Американецот со македонска патна исправа ова ќе биде прв клуб сезонава, по завршувањето на договорната обврска со италијански Армани џинс. Тој изминатиов период беше поврзуван со повеќе европски гиганти, но на крајот реши да се пресели кај актуелниот победник во Лигата на шампионите на ФИБА. Тој ќе биде четвртиот репрезентативец на нашата земја кој го носел дресот на АЕК по Перо Антиќ и Врбица и Ристе Стефанов.

Теодор во досегашниот дел од кариерата има играно за екипи како Банвит, Скајлајнерс, Мерсин, а во 2017 година беше избран за МВП играч во ЛШ. За Македонија настапуваше пред една ипол година во претквалификациите за СП 2019 во Кина, но не се покажа баш во најдобро светло по што повеќе не беше повикан да игра за жолто-црвената селекција.