По пауза од 12 години: Македонски репрезентативец го искачи Ле Ман на кровот на Франција!

Со победа во петтиот меч против Монако (78-74) и тоа на гостински терен, кошаркарите на Ле Ман дојдоа до шампионската титула во првенството на Франција, вкупно петта за клубот, а прва по пауза од 12 години.

Најзаслужен за тоа е поранешниот македонски репрезентативец, Ромео Тревис, кој беше избран за најкорисен играч на серијата со просек од 12,5 поени, 4,2 скока и 2,8 асистенции. Станува збор за некогашен кошаркар на Задар, Хапоел Галил Гилбоа, Стразбур и Канту, кој имаше неуспешен настап за жолто-црвените во квалификациите за ЕП 2017 година во времето на селекторот Драган Раца.

Тревис има одиграно пет меча за Македонија со просек од 10,8 поени и седум скока.