По 13 години во Азија: Давитков се враќа во Европа и тоа на клупата на косовски Пеќ!

Поранешниот македонски селектор, Јорданчо Давитков, е на добар пат да ја продолжи кариерата во европската кошарка и тоа како тренер на косовскиот прволигаш Пеќ, кој денеска веќе го промовира како нов стратег на оваа екипа.

Според нашите информации, договорот е во завршна фаза, но сѐ уште не е официјално потпишан. Давитков во текот на утрешниот ден ќе замине во Пеќ на завршни преговори со управата на клубот, по што, ако сѐ биде како што треба и ако е задоволен од понудените услови, ќе стави потпис на договорот кој ќе биде со важност до крајот на сезоната.

#HeadCoachAlert 🚨🚨 Zyrtare: Jordančo Davitkov është trajneri i ri i KB Peja 🦅 Trajneri Davitkov ka qenë trajner i...

Posted by KB Peja on Wednesday, January 13, 2021

Поранешната играчка легенда на Работнички, а подоцна и тренер на овој клуб, изминативе десетина години работеше на Блискиот Исток во екипи од Кувајт и Обединетите Арапски Емирати, а извесен период беше и предводник на кувајтската национална селекција. Давитков во два наврати беше предводник на Македонија и тоа во најтешките моменти, прво кога паднавме во дивизија Б од која експресно се вративме во елитата, а потоа и кога моравме да играме претквалификации за да дојдеме до можност да се бориме за пласман на ЕП 2021.

Негов последен европски клуб беше исландскиот Снафел во 2008 година.