Пешиќ го пречкрта: Србија без Теодосиќ на Евробаскетот

Соседна Србија ќе игра без еден од најдобрите плејмејкери на претстојниот Евробаскет, кој ќе се игра идниот месец, откако селекторот Светислав Пешиќ го пречкрта Милош Теодосиќ, објавија српските медуми.

Пешиќ не смета на Теодосиќ за претстојните мундијалски квалификации со Грција и Турција, како и за континенталниот шампионат и за многумина ова е чудна и изненадувачка одлука, зашто Србија сега ќе мора без еден од лидерите на селекцијата кој има 15-годишно искуство од настапите за националниот тим.

Теодосиќ за Србија дебитираше на големата сцена во 2007 година кога Зоран Славниќ тогаш го турна во селекцијата, а од големите турнири пропушти два Евробаскета во 2013 и 2017, како и еден Мундобаскет во 2019 година поради повреди.