Очекувано: Евробаскетот пролонгиран за една година!

ФИБА откако вчера ги суспендираше сите младински натпреварувања предвидени за ова лето, денеска донесе одлука да го помести и Европското првенство за сениори што требаше да се одржи во 2021 година. 

Сега Евробаскетот се пролонгира за една година и ќе се одржи од 1 до 18 септември 2022 година.Ова доаѓа најмногу поради одложувањето на Олимписките игри во Токио и олимписките квалификациски турнири поради пандемијата од коронавирусот. Олимписките турнири сега ќе се играат помеѓу 22 јуни и 4 јули 2021 година, а точните датуми ќе бидат објавени во координација со Меѓународниот олимписки комитет.

Чешка, Грузија, Италија и Германија остануваат домаќини на Евробаскетот, за кој во февруари годинава почнаа квалификациите. Македонската кошаркарска репрезентација во својата квалификациска „група Б“ стартуваше со два порази, од Естонија на домашен паркет и на гостувањето кај Русија. Натпреварите продолжуваат во ноември, кога не очекуваат две гостувања, најпрво кај Италија, а потоа и кај Естонија.