Нов блесок на Димитријевиќ во Русија – сам го реши и Зенит!

Македонскиот кошаркарски репрезентативец продолжува со добрите игри во дресот на Уникс Казан, откако попладнево беше меѓу најзаслужните за триумфот на неговиот тим на гостувањето кај некогашниот евролигаш Зенит (82-79) на стартот од новата сезона во ВТБ-лигата.

Плејмејкерот, кој игра како позајмен кошаркар од шпанска Валенсија, средбата ја заврши како втор стрелец во својот тим со 17 поени (6/11 од поле) и додаде дури девет асистенции. Тој беше смирен во клучните моменти од линијата за слободни фрлања не дозволувајќи му ја противникот да направи пресврт во пенал-завршницата.

Претходно, Димитрјевиќ беше феноменален во дуелот против Партизан во борбата за третото место на ВТБ-купот, меч во кој постигна 30 поени.