Несуден тренер на МЗТ ќе го предводи Косово!

Репрезентацијата на Македонија вториот циклус од претквалификациите за ЕП 2021 ќе го почне за еден месец против Косово, селекција која ни е огромен должник и која од клупата ќе биде предводена од нов селектор и тоа од Дамир Мулаомеровиќ, Хрват роден во БиХ.

Станува збор за добро познато лице на нашите простори, поранешен кошаркар со импресивна кариера настапувајќи за екипи како Цибона, Ефес Пилсен, Панатинаикос, Реал Мадрид и Олимпијакос. Како тренер ги предводен екипите на Слобода Тузла и на Цибона како и селекцијата на БиХ. Тој беше во најтесниот избор за тренер на МЗТ Скопје во декември минатата сезона по заминувањето на Александар Тодоров, но тогаш загуби во „дуелот“ со Жељко Лукајиќ.Тој на клупата на Косово ќе го замени Американецот Мајк Гринберг.

Мулаомеровиќ дебито како косовски селектор ќе го има токму против Македонија и тоа на 13 септември во Приштина. Во групата заедно со овие две селекции е уште и Романија, на чија клупа седи поранешниот македонски селектор, Заре Марковски.