Не можеше без драма: Клучните моменти од големата победа во Приштина! (ВИДЕО)

Македонската кошаркарска репрезентација мораше максимално да се испоти за да дојде до голема победа на гости кај Косово на стартот од втората претквалификациска фаза за ЕП 2021, во меч кој имаше неверојатно драматичен финиш.

 

 

Без разлика што можевме многу полесно да дојдеме до бодовите, домаќинот погоди неколку тешки шутеви за да намали на достижна негатива, шанса која потоа не ја искористи нивниот најдобар поединец, Дардан Бериша кој го промаши клучното слободно фрлања по еден сомнителен прекршок.