Муса со спектакуларна тројка со звукот на сирената ја расплака Бугарија (ВИДЕО)

Кошаркарите на Босна и Херцеговина се пласираа во третата фаза од мундијалските квалификации откако вечерва ја победија Бугарија со 76-73 и тоа на спектакуларен начин.

Џенан Муса погоди тројка со звукот на сирената за конечна победа со што како третопласирани во групата влегоа во следната фаза од квалификациите, а денеска не требаше да загубат со десет разлика, ама успеаа на спектакуларен начин да го победат нашиот источен сосед.