Монако за историја: Прв француски тим што славел во Еврокупот (ВИДЕО)

Кошаркарите на Монако се нови шампиони во кошаркарскиот Еврокуп, откако во големото финале денеска го совладаа Уникс со 86-83 и тоа во Казањ. 

На првата средба во Франција, Монако славеше со 89-87, па со 2-0 во серијата стана првиот француски тим што го освоил пехарот во второто по ранг клупско натпреварување во Европа. 

Завршницата на натпреварот беше вистинска драма, бидејќи на 11 секунди до крајот Џалил Обрајен постигна поени и плус дополнително слободно фрлање за да му донесе водство на францускиот тим од 84-83. ВО следниот напад Русите се обидоа да постигнат тројка, но Смит промаши. Кошаркарите на Уникс направија прекршок, па Најт со две погодени слободни фрлања ја запечати победата на Монако од 86-83. 

 Роб Греј со 25 поени беше најефикасен во редовите на Монако, 16 постигна Џалил Обрајен. Кај Уникс најмногу се истакна Џон Браун со 16 поени и 10 скока.