МКФ со евтин билет „брка“ полна сала за пресметката со Романија!

Македонската кошаркарска репрезентација со победа ја почна втората претквалификациска фаза за пласман на ЕП 2021 и тоа на жешкиот гостински терен против Косово, триумф кој мора да биде потврден задутре (недела) во пресметката со Романија (18.15 часот) во салата „Борис Трајковски“.

Жолто-црвените со две победи би направиле огромен исчекор кон првото место во групата кое единствено води во квалификациите, поради што Македонската кошаркарска федерација (МКФ) одреди симболична цена на билетот за овој дуел. Парчето хартија за место на трибините на натпреварот против Романците чини сто денари, цена која, како што очекуваат во Куќата на кошарката, би можела да им донесе помош од голем број спортски вљубеници кај нас.

Следната пресметка за Македонија ќе биде исто така на домашен терен и тоа во декември против Косово.