Македонскиот бисер со нов личен рекорд ја „завери“ победата на Вашингтон (ВИДЕО)

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Андреј Јакимовски, продолжува со одличните игри во дресот на Вашингтон стејт универзитетот, откако синоќа беше најдобрите во триумфот над Портланд стејт (69-60), што беше петти успех во петиот меч за овој тим сезонава.

За популарните Кугарс ова беше најубедлива победа, со оглед што досегашните им беа во неизвесни средби со три до четири поени позитива на крајот. Јакимовски го подобри својот личен рекорд и средбата ја заврши со 12 поени (три тројки), на кои додаде седум скока за 34 минути поминати на теренот, најмногу досега по пристигнувањето во новиот тим.

Вашингтон Стејт е една од двете екипи во Пацифик 12 дивизијата со ефект 5/5, заедно со Аризона.