Македонската кошаркарска репрезентација утре ќе се соочи против Литванија во четвртото коло од квалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2024 година, а нашите кошаркари веќе го одржаа првиот тренинг во салата „Швитурио“ во Клаипеда.

Македонија ќе се обиде да се реваншира за поразот од Скопје пред неколку дена, а на паркетот ќе има голема помош од страна на плејмејкерот Ненад Димитријевиќ кој ѝ се приклучува на репрезентацијата.

Натпреварот меѓу Литванија и Македонија се игра утре од 18.30 часот во Клаипеда.

Македонија во моментов се наоѓа на третата позиција во групата Х со четири бодови, додека пред нас се Литванија со пет и Естонија со шест поени.