Македонија и официјално доби кошаркарка пандан на најголемите НБА-ѕвезди! (ФОТО)

Американката Девана Бонер од денеска е државјанка на Македонија, откако завршија сите процедури околу добивањето пасош со кој ќе може да настапува за жолто-црвената селекција, информираат од Македонската кошаркарска федерација (МКФ).

Станува збор за исклучително квалитетна кошаркарка, зад која е импресивна кариера во најсилната женска лига на светот (ВНБА), каде што има две шампионски титули (2009 и 2014 година), трипати беше најдобар шести играч, а по еднаш во најдобрата петорка и учесник на мечот на сите ѕвезди. Таа има настапувано за младинската селекција на САД, но тоа нема да ѝ биде пречка да заигра за Македонија во продолжението од квалификациите за ЕП 2019.

Бонер во моментов настапува за екипата на УСК Прага со која игра во Евролигата. Во ВНБА, пак, изминативе девет години го носи дресот на Феникс меркјури. Таа ќе биде третата Американка која ќе го облече дресот на македонската репрезентација, по Криси Гивенс и Ешли Парис.