Македонецот преку ноќ стана хит во САД – со Вашингтон гази сѐ пред себе (ВИДЕО)

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Андреј Јакимовски, беше еден од најзаслужните за четвртиот по ред триумф на Вашингтон стејт универзитетот во пресметката со Ајдахо (61-58), во која тој оствари личен рекорд.

Гостите водеа и со 11 поени разлика во првото полувреме, но тимот на Вашингтон со серија од 19-0 направи пресврт и дојде до триумфот. Во овој клучен период учествуваше и нашиот Јакимовски и тоа со една тројка и еден влез, со што ги размрда своите соиграчи. Нашиот кошаркар на теренот помина 24 минути и постигна личен рекорд од 11 поени со три тројки од четири обиди и 1/2 за два, заедно со четири скока и една асистенција.

Сите досегашни четири победи на Вашингтон Стејт се остварени со три или четири поени разлика и со пресврт во второто полувреме. Кугарс се една од двете екипи со ефект 4-0 во дивизијата Пацифик 12, а следен ривал ќе му бидат Портланд Стејт.