Македонецот е хит во Русија: Неделава нека ви биде весела како насмевката на Рајковиќ (ФОТО)

Сигурно најдобриот македонски тренер во моментов, Емил Рајковиќ, е вистински хит во Русија, особено по неодамнешната победа на неговиот Автодор во пресметката против евролигашот Уникс (81-76) во склоп од регионалната ВТБ-лига, каде што сега е второпласиран со скор 3-1 веднаш зад неприкосновената ЦСКА Москва.

Тој буквално го прероди својот нов тим, кој нема некоја богата традиција, но кој сега е во центарот на вниманието на руската кошаркарска јавност поради победите над Калев, ЦМОКИ Минск и Уникс. Неговата голема радост по триумфот над екипата од Евролигата беше забележана и од луѓето кои ги водат социјалните мрежи на ВТБ-лигата.

„Неделава нека ви биде забавна како начинот на кој Рајковиќ и неговите играчи ја прославија победата над Уникс“, пишува во објавата на Русите.