Магична асистенција на Ненад Димитријевиќ - без гледање! (ВИДЕО)

Иако македонскиот репрезентативен кошаркар, Ненад Димитријевиќ, се соочуваше со здравствени проблеми поради стомачен вирус пред почетокот на месот со Тофаш, сепак тој му се срави на располагање на тренерот на Хувентуд, Карлес Дуран.

Димитријевиќ беше еден од најдобрите во тимот, кој за жал претрпе убедлив пораз на гостувањето во Турција со 91-76.

Македонскиот плејмејкер го заврши натпреварот со 15 поени и 6 асистенции за 22 минути игра, а во таборот на Хувентуд потфрли Препелич, кој минатата седмица беше херој со 27 поени, а вечерва во Турција постигна само три поени.