„Мадре миа“: Нова магија на Димитријевиќ во дресот на Хувентуд (ВИДЕО)

Кошаркарите на Хувентуд синоќа, како гости, го совладаа тимот на Естудијантес (90-83) во меч од шпанската Ендеса лига, меч во кој најатрактивниот кош беше постигнат од македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ.

Популарниот Нено поентира од речиси невозможна ситуација, на акробатски начин, а неговите поени беа „зачинети“ со шмекерска реакција на коментаторот.