Леле луѓе, што направивме: ФИБА без повод потсети на историската тројка на Илиевски (ВИДЕО)

Без разлика на тоа што се случи пред осум години, Светската кошаркарска федерација (ФИБА) денеска кошаркарската јавност на Стариот континент ја потсети на историската тројка на Владо Илиевски од ЕП 2011, иако нема апсолутно никаков повод за нешто такво.

Тоа беше најубавиот момент во историјата на макбаскетот, кога плејмејкерот со прецизен шут од далечина ѝ донесе победа на малата Македонија против големата Литванија, која воедно беше и организатор на шампионатот. Тоа беше триумф за полуфинале, кое потоа ни го донесе четвртото место, успех кој тешко дека во догледно време би можел да се повтори.

„Леле луѓе, што направивме“, беше првиот коментар на Илиевски по сензационалното остварување.

Останува да се види дали новото раководство на КФСМ ќе успее да ја издигне кошарката на слично ниво, пред сѐ што главен двоец сега се токму двајца членови на оваа историска генерација – Перо Антиќ и Тодор Гечевски.