„Кралот“ Џејмс објави пост за репрезентативец на Македонија и доби – милион лајкови! (ФОТО)

Најдобриот светски кошаркар во моментов, Леброн Џејмс, е еден од најследените луѓе на социјалните мрежи, поради што воопшто не е мала работа кога тој ќе ви посвети пост, како што беше во случајот со поранешниот репрезентативец на Македонија, Ромео Тревис.

Причина за ова е титулата која крилниот центар ја освои со Ле Ман во Франција, откако беше избран за МВП-играч на финалната серија со Монако. Станува збор за долгогодишен пријател со „Кралот Џејмс“ уште од нивните средношколски денови, што е и објаснување на објавата на Инстаграм, која беше лајкната од речиси еден милион луѓе.

Тревис е еден од најлошите Американци кои играле за Македонија во изминативе две децении, а зад себе има пет меча за жолто-црвените во квалификациите за ЕП 2017.