Го пречекаа со аплаузи, ама кога ги растури почнаа ептен сочно да го – пцујат! (ВИДЕО)

Чудно беше однесувањето на дел од публиката на вчерашниот претквалификациски дуел помеѓу Македонија и Косово одигра во Приштина, кој заврши со голема победа на жолто-црвените, особено кон најдобриот во нашите редови – Бојан Трајковски.

Крилниот центар беше единствен од македонскиот состав чие споменување на претставувањето донесе аплаузи од трибините, за разлика од сите остантите негови соиграчи кои беа жестоко исвиркани. Причина за ова беше фактот што Трајковски во минатото во два наврати настапуваше за Сигал Приштина, која има голем број своите навивачи на синоќешната пресметка во „Палатата за млади и спорт“ во косовската престолнина.

Но, кога сегашниот кошаркар на унгарски Пакс почна немилосрдно да го полни кошот на Косово тогаш симпатиите завршија па почнаа сочни пцовки и навреди на негова сметка. Тој беше единствениот кој повеќе од три четвртини беше вербално напаѓан од домашните фанови, најчесно со зборови кои не доликуваат да се напишат. Тоа, сепак, не ја спречи решеноста на Трајковски да одигра најдобро што може, па на крајот беше прв играч во составот на Јорданчо Давитков со дабл-дабл ефект од 17 поени и 12 скока.

Ова прв дуел од втората претквалификациска фаза за пласман на ЕП 2021, во која веќе задутре (недела) нѐ чека уште една тешка пресметка и тоа против Романија (18.15 часот) во салата „Борис Трајковски“ каде што кошаркарите од утре ќе почнат да тренираат.