Косовците се силат: Ајде уште неколку билети останаа, нема да има за сите!

Мечот со Македонија, Косовската кошаркарска федерација го најавува како историски за нивната репрезентација, па ја повикуваат публиката да дојде во што е можно поголем број.

Вечерашниот натпревар (20.15 часот) се игра во „Палата на млади и спорт“, во Приштина, која има фасцинантен капацитет од 8.000 седишта. Тоа ќе биде огромно оружје за кошаркарите на Косово, имајќи предвид дека се блиску да ја распродадат целата, судејќи по објавите на Фејсбук на косовската федерација.

„Останаа уште неколку билети за вечерашниот меч Косово - Македонија. Апелираме да не оставате за последен момент затоа што нема да има“, пишува во објавата

Според правилата на ФИБА, одреден процент од салата мора да биде резервиран и за гостинските навивачи, така што очекуваме и мал број поддржувачи на Македонија, особено што влезницата чини четири евра, или 250 денари.