Кошаркарките добија ептен силна група во квалификациите за ЕП 2021

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија ги доби противниците во квалификациите за пласман на следното Европскот првенство (ЕП) 2021 година, во кое се најдоа во групата И заедно со селекциите со Летонија, Хрватска и Германија.

Станува збор за исклучително силни противници, од кои веќе има искуство во пресметка со хрватските кошаркарки против кои игравме во претходниот квалификациски циклус за пласман на континенталниот собир кој се одигра неодамна во Летонија и во Србија.

Ова секако ќе биде шанса за собирање искуство со оглед што илузорно да се надеваме дека ќе може да дојдеме до некоја победа во оваа конкуренција.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2021 (ЖЕНИ)

ГРУПА А: Словенија, Грција, Исланд, Бугарија.

ГРУПА Б: Шведска, Црна Гора, Израел.

ГРУПА Ц: Русија, БиХ, Швајцарија, Естонија.

ГРУПА Д: Италија, Чешка, Романија, Данска.

ГРУПА Е: Србија, Турција, Литванија, Албанија.

ГРУПА Ф: В. Британија, Белорусија, Полска.

ГРУПА Г: Белгија, Украина, Португалија, Финска.

ГРУПА Х: Унгарија, Словачка, Холандија.

ГРУПА И: Летонија, Хрватска, Германија, МАКЕДОНИЈА.