Кошаркарите во ноември ќе играат во „балон“ кај најголемиот ривал за пласман на ЕП 2021!

Кошаркарската репрезентација на Македонија и покрај одлуката за турнирско одигрување на ноемврискиот циклус натпревари за пласман на ЕП 2021, сепак, ќе мора да му оди на мегдан на најголемиот ривал со оглед што на Естонија ѝ е доделена улогата на организатор на овој „балон“.

Тоа значи дека жолто-црвените пресметките против Италија на 27 ноември и против Италија три дена подоцна ќе ги одиграа во Талин, кој од челниците на ФИБА е процент како град каде што кошаркарите би имале најдобри епидемиолошки услови во време на глобална пандемија со коронавирусот. Една од причините поради која естонската престолнина е одредена за домаќин е одредбата на предводниците на светската кошарка приоритет при доделувањето на организацијата да имаат земјите кои според распоредот требаа да играат двапати на домашен терен.

Според таа логика, Македонија би имала фаворитска улога при евентуалното добивање организација на следниот турнир во февруари, кога треба да се одиграат последните две средби од квалификациите, во кои нашата селекција треба да ги пречека Русија и Италија. Прашање е само дали раководството на КФМ ќе има знаење и капацитет да го обезбеди ова, што би било од клучно значење во ситуација ако кошаркарите останат во игра за пласман на ЕП 2021.

Избраниците на селекторот Александар Тодоров се на последното место во групата по првите две средби, откако ги загубија пресметките со Естонија дома и со Русија на гости. Пласман на континенталниот собир обезбедуваат најдобрите според пласман две селекции во конкуренција на Македонија, Естонија и Русија, со оглед што Италија е веќе пласирана како еден од четирите домаќини на овој шампионат.