Кошаркарите нема да играат против „фаворитите“ во претквалификациите за СП 2023!

ФИБА ги одреди носителите во претквалификациите за пласман на Светското првенство меѓу кои се најде и македонската кошаркарска репрезентација. 

Нашата селекција е помеѓу четирите најдобро рангирани тимови заедно со Црна Гора, Летонија и Шведска пред утрешната ждрепка во Берлин, која треба да ги одреди групите. Во преткваификациите ќе играат вкупно 12 репрезентации, а двете првопласирани репрезентации од четирите групи ќе обезбедат место во главните квалификации за Мундобаскетот во 2023 година. 

Од вториот квалитативен барабан наши потенцијални ривали се Романија, Данска, Австрија и Швајцарија, додека од последниот тука се Белорусија, Исланд, Португалија и Словачка.

Претквалификациите ќе се играат во периодот од 11. до 28.август годинава.