Кошаркарите бегството од европското дно го почнуваат во дански Нествед!

Македонската кошаркарска репрезентација на гости против Данска (25 август) ќе го почне настапот во претквалификациите за ЕП 2025 и тоа во градот Нествед, кој е на 70-тина километри од Копенхаген и кој во последните години е традиционална база на нашиот прв противник.

Натпреварот ќе се одигра во сала со капацитет од 3.000, која се очекува да биде полна со оглед на високите амбиции на данската селекција, која сака вмешување во борба за првото место кое единствено води во квалификациите.

Билетите за овој меч се веќе пуштени во продажба по цена од 780 до 1.400 денари. Во нашата група се уште и селекциите на Словачка и Норвешка.