Кога и плус 18 се малку: Финска во луд меч ја освои Швајцарија, светскиот првак загуби дома!

Кошаркарите на Финска дојдоа до првата победа во квалификациите за ЕП 2021, откако вечерва, како гости, во ептен луд меч ја совладаа Швајцарија (64-69) иако во третиот период имаа негатива од дури 18 поени.

Финците имаа ужасно шутерско прво полувреме во кое за 20 минути погодија само шест од 36 удари упатени кон противничкиот кош, но потоа заиграа подобро и со неверојатен пресврт дојдоа до триумфот. Швајцарците долго ќе жалат за пропуштената шанса, особено што промашија ужасно многу слободни фрлања односно вкупно 17 (14/31).

Најголемото изненадување на вечерта, пак, го направија кошаркарите на Полска, кои како гости го совладаа актуелниот светски првак Шпанија (80-69). Црвената фурија играше речиси со третиот состав поради фактот што за овој репрезентативен прозорец не може да сметаат на играчите на петте евролигаши од оваа земја заедно со неколкуте асови од НБА.

РЕЗУЛТАТИ: Русија-Македонија 77-67, Србија-Грузија 90-94, Словенија-Австрија 85-78, Украина-Унгарија 60-62, Шпанија-Полска 69-80, Естонија-Италија 81-87, Шведска-Финска 64-69.