Коби Брајант: САД и со најсилниот состав ќе имаше проблеми на Мундобаскетот во Кина

Кошаркарите на САД завршија на седмото место на Миндобакстот во Кина, што е нивниот најлош пласман во историјата.

После поразот од Франција во четвртфиналето и Србија во плејофот, САД ја совлада Полска со 87-74 во натпреварот за седмо место.

Лошите резултати на првенството не го шокирале еден од најдобрите кошаркари во историјата на НБА лигата, Коби Брајант, кој беше еден од амбасадорите на годинашниот Мундобаскет.

Не е проблем што останатите селекции од светот го прстигнаа САД, туку што не поминаа. Стигнавме до точка каде ќе победиме на некои натпревари, а некои ќе ги загубиме. Сигурен сум дека и следното СП селекцијата на САД ќе има проблеми со своите противници. Сметам дека и доколку го направиме најдобриот тим со најдобри кошаркари - ќе имаме проблеми, веќе сите селекции играат добра кошарка, изјави Брајант за официјалната веб-страница на СП.

Тој играше двапати за репрезентацијата, на Олимписките игри во Пекинг и Лондон 2012 година - и освои го златото и двапати.