Неочекувано: Давитков повеќе нема да биде селектор на Македонија?!

Јорданчо Давитков, засега неофицијално, од утре и официјално нема да биде селектор на кошаркарската репрезентација на Македонија, откако за утре е најавена негова прес-конференција во просториите на МКФ, на која се очекува да ја соопшти својата одлука.

Причина за ваквата неочекувана одлука на досегашниот предводник е обврската кон кувајтскиот прволигаш Ал Кадсија, која не му дозволува да мине цел подготвителен циклус со репрезентацијата во пресрет на дуелите против Косово и Романија во септември. Тој летово го обнови договорот со актуелниот шампион на оваа земја од Блискиот Исток, од каде што добил дозвола да продолжи да работи како селектор, но не и да мине речиси двомесечни подготовки додека МКФ во моментов не била подготвена да плати професионален селектор кој би работел во текот на целата година.

Давитков на утрешната средба со новинарите официјалноп ќе ја образложи својата одлука односно ќе ги наведе сите причини поради кои повеќе нема да биде на функцијата која досега ја извршуваше.