Каков малер: По само 18 секунди ги скина лигаментите и остана без Мундобаскет!

Кошаркарот на Грција, Јанис Атинају нема да настапи на Мундобаскетот во Кина, откако се повреди во мечот против Србија, а првите информации се дека ги скинал лигаментите.

Новиот член на Панатинаикос го повреди левото колено по само 18 секунди поминати на паркетот.

Тоа е нов удар за Грците, кои веќе имаат проблеми со екипата, а на Мундобаскетот се наоѓаат во групата Ф со Црна Гора, Бразил и Нов Зеланд.