Кадетките повторно декласирани: Македонските кошаркарки убедливо загубија од Бугарија

Македонската женска кошаркарска репрезентација до 16 години доживеа уште еден катастрофален пораз на Европското првенство (Б-дивизија) во Софија, откако на вториот меч беа поразени од Бугарија со убедливи 43-95.

Македонските кошаркарки ужасно го почнаа натпреварот, па им дозволија на нивните противнички да стигнат до предност од 23-11.

Не се подобри играта ниту во втората четвртина, па идентично како и во првата четвртина тие беа декласирани, а Бугарија на полувреме стигна до 44-20.

Бугарките и во второто полувреме од мечот доминираа, па по третата четвртина поведоа со 76-37, а до крајот на мечот постојано ја зголемуваа предноста до конечни 95-43.

Да потсетиме, Македонија во првиот меч загуби со неверојатни 24-101 .