Кадетите ја победија Португалија и завршија на 15. место

Македонските кошаркари до 16 години завршија на 15. позиција на Европското првенство Б-дивизија, што се одржува во Софија.

Во последниот натпревар, против Поргугалија, македонските репрезентативци славеа со 56-50 и на тој начин ја добија битката за 15/16 место. Пресудна беше втората четвртина, која Македонија ја освои со 21-8.

Најдобар играч во нашите редови беше Андреј Јакимовски со 15 поени и девет скока. Ова беше втора средба со Португалците на ова првенство, првата, во групната фаза ја загубивме со 55-46. Со пет порази и три победи Македонија заврши уште едно потпросечно првенство од вториот кошаркарски ешалон во Европа.