Јуниорките одиграа одлично прво полувреме, па загубија убедливо од Ирска

Македонската женска репрезентација за кошаркарки до 18 години го запиша и вториот пораз во групната фаза на Европското првенство во дивизија Б, кое се игра во Скопје, откако денеска беа совладани од Ирска со 39-60.

Македонските кошаркарки имаа многу добро прво полувреме, по кое стигнаа до предност од 27-23, но потоа следуваа катастрофални две четвртини, во кои Ирска направи целосен пресврт и славеше убедливо.

Македонија утре силите ќе ги одмери против Грција од 18.45.