Шокантен пораз: Поранешен кошаркар на Карпош Соколи ја растури Србија среде Белград!

Некогашниот кошаркар на Карпош Соколи, Американецот Тадеус Мекфејден, одигра фантастичен натпревар и беше најзаслужен за големата победа на Грузија на гостувањето кај Србија (94-90) во меч од квалификациите за пласман на ЕП 2021.

Некогашниот „сокол“, од времето кога овој македонски тим настапуваше прво во квалификациите за Лигата на шампионите, а потоа и во ФИБА Еврокупот, беше незадржил и со 33 поени ги збудале избраниците на Игор Кокошков. Мекфејден средбата ја заврши со 33 поени (четири тројки) и со дури седум асистенции.

Ова е голем удар за српската селекција, особено по убедливата победа во првиот меч, кога како гостин ја прегази Финска. Победата на Грузија е уште поголема ако се знае дека оваа селекција игра надвор од конкуренција бидејќи е веќе пласирана на ЕП како еден од четирите домаќини.

Алекса Аврамовиќ со 27 и Огњен Јарамаз со 22 поени беа најпрецизни кај Србија.