Костоски нема да игра против Романија, ама и никогаш повеќе за Македонија!

Стартниот репрезентативен плејмејкер Александар Костоски нема да биде дел од националната селекција на Македонија на претстојниот претквалификациски дуел со Романија (четврток), но најверојатно и на ниту еден друг меч на жолто-црвените во иднина.

Според информацијата од репрезентативниот табор, искусниот бек донел одлука да ја заврши репрезентативната кариера за што веќе го известил и стручниот штаб.

„Се обидов да го убедам да го одигра барем уште претстојниот дуел со Романија, но не успеав во тоа. Ми кажа дека од лични причини нема повеќе да игра за националниот тим, а со оглед што во минатото секогаш одговарал на сите покани и давал сѐ од себе во избраниот дрес мислам дека треба да го почитуваме неговиот став и да ја прифатиме неговата одлука, колку и да доаѓа таа во непријатен момент“, ни изјави селекторот Јорданчо Давитков.

Ова е втор голем удар за Македонија пред клучниот меч за пласман во квалификациите за ЕП 2021, во кој можебе и за загубиме и тоа најмногу со 14 поени разлика. Претходно, дојде информацијата дека под голем знак прашалник е и настапот на Бојан Трајковски, поради повреда на коленото.