Ѓорѓевиќ „потврди“: Србија оди на Мундобаскетот без Теодосиќ

Селекторот на Србија, Александар Ѓорѓевиќ соопшти на кои 12 кошаркари ќе смета на Мундобаскетот во Кина.

Ѓорѓевиќ објави каква е ситуацијата со Милош Теодосиќ, а првите информации не се најдобри, па кажа дека 99% кошаркарот нема да оди на Мундобаскетот.

„Теодосиќ не е добро. Вчера имавме магнетна резонанца и можам да кажам дека 99% нема да оди со нас на Светско првенство. Тоа е голем удар за репрезентацијата“, порача Ѓорѓевиќ.

За Србија на претстојниот Мундобаскет ќе настапат: Стефан Јовиќ, Василије Мичиќ, Богдан Богдановиќ, Марко Гудуриќ, Марко Симоновиќ, Владимир Лучиќ, Стефан Бирчевиќ, Немања Бјелица, Никола Јокиќ, Бобан Марјановиќ, Мирлосав Радуљица и Никола Милутинов.