ФИБА воведе нов систем за осигурување за МКФ пак да не зезне како со - Симоновски!

Предводниците на светската кошаркарска федерација (ФИБА) денеска го промовираа новиот начин на осигурување на играчите кои настапуваат за националните селекции, кој е далеку подобар и поопфатен за актерите на теренот и кој ќе спречи грешка како таа на македонската Куќа на кошарката во случајот со Марко Симоновски.

Според договорот со осигурителната компанија „Арч“, а согласно со новиот календар за репрезентативни натпревари, кошаркарите ќе бидат осигурани во текот на целата година, а не само за време на летото како што беше досега. Новитет е и фактот што покрај сениорите, со полисата се опфатени и младинските селекции на возраст од 17-20 години, што значи дека и јуниорите и кадетите на Македонија ќе бидат заштитени од евентуални повреди за време на настапите во жолто-црвениот дрес.

Воведен е посебен софтвер за моментална помош и совети за играчите и националните федерации, сѐ со цел да се избегнат било какви проблеми. Со тоа проблеми би снемало проблеми од тимот на тој што МКФ го имаше летово со Симоновски, кој тврдеше дека се повредил за време на подготовките на репрезентацијата на Македонија, но од Куќата на кошарката велеа поинаку па не сакаа да го покријат неговиот договор додека е на рехабилитација. Истовремено, репрезентативците би биле заштитени од „заборавни“ федерации како македонската, кои закажуваат тренензи во период кој не е опфатен со полисата за осигурување, што исто така беше една од проблематичните точки во случајот „Симоновски“.

Новиот договор предвидува компензација за клубовите за кошаркарите повредени за време на настап за националните селекции и тоа како покривање на платата за време на деновите кои биле надвор од теренот. Истовремено, ќе се надополнуваат и трошоците за операции и други медицински зафати поврзани со повредите настанати за време на репрезенттивните акции. Меѓу заштитените сега се и дамите како и хендикепираните кошаркар(к)и кои настапуваат во инвалидски колички.

Останува да се види како сѐ ова ќе се имплементира, особено како МКФ ќе се снајде во новата осигурителна политика на ФИБА. Особено што поради случајот „Симоновски“, кошаркарите и клубовите станаа максимално сомнителни околу ова прашање, па дури има најави дека подготовките за претквалификациите за ЕП 2021, чиј старт е закажан за задутре, нема да почнат сѐ додека Куќата на кошарката на репрезентативците не им покаже доказ дека се осигурани.