ФИБА потврди: Македонија останува домаќин на кадетскиот Евробаскет!

Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ) останува домаќин на кадетското Европско првенство (ЕП), кое в година треба да се одржи за најдобрите кошаркари на стариот континент на возраст до 16 години.

Ова првенство требаше годинава да биде одржано во Скопје, но поради пандемијата со коронавирусот беа одложени сите настани во организација на ФИБА. Веќе е познат и терминот на одржување на овој Евробаскет и тоа во периодот помеѓу 13 и 21 август 20201 година.

Во исто време, потврдени се и градовите каде што ќе се натпреваруваат уште четири наши национални селекции. Машката младинска репрезентација ќе се натпреварува на ЕП од Дивизијата „Б“ кое од 16.до 25.јули ќе се одржи во Тбилиси (Грузија). Селекцијата „под 18“ години ќе игра на ЕП од Дивизијата „Б“, кое од 30.јули до 8.август ќе биде организирано во романската Орадеа.

Во женска конкуренција, КФМ, пак, пријави две селекции.

Националниот тим за кошаркарски до 18 години е пријавена за настап на ЕП од Дивизијата „Б“ кое од 23.јули до 1.август ќе се одржи во Оберварт и Гусинг (Австрија), додека две години помладите кошаркарки, оние до 16. години, ќе играат на ЕП од Дивизијата „Б“ кое е предвидено да се реализира во периодот од 5. до 14. август во Сараево (БиХ).