ФИБА го „прескокна“ Мекејлеб во изборот на најдобри бекови во последните 20 години!

Само десетина дена откако се најде во идеалната петорка на Светската кошаркарска федерација (ФИБА) во изборот на најдобрите на Европските првенства во периодот помеѓу 2000 и 2020 од „малите земји“, поранешниот македонски репрезентативец Лестер Бо Мекејлеб не беше ставен во конкуренција да биде избран во бековската линија од европските „Тим на соништата“.

Фановите имаат можност да гласаат за 12 легендарни играчи најдоцна до 2 август, кога според бројот на гласовите ќе бидат избрани најдобрите од „предната линија“ на најдобрата петорка во Европа во последните 20 години. Предност пред Мекејлеб добија Богдан Богдановиќ, Милош Теодосиќ (Србија), Нандо де Коло, Тони Паркер (Франција), Димитрис Дијамантидис, Василис Спанулис, Тео Папалукас (Грција), Лука Дончиќ, Горан Драгиќ (Словенија), Шарунас Јасикевичиус (Литванија), Хуан Карлос Наваро (Шпанија) и Алексеј Швед (Русија).

Гласањето крилните и центарската позиција ќе почне на 3 август и ќе трае една недела, а во игра за место меѓу најдобрите е актуелниот претседател на КФМ, Перо Антиќ.