Еуфорија за паметење: Кадетите лудуваа(т) од среќа по големиот успех во Сараево! (ВИДЕО)

Македонските репрезентативци на возраст до 16 години се пласираа во полуфиналето од Европското првенство (ЕП), дивизија Б, во Сараево, по вечерашната голема победа над Романија (74-71) што донесе огромна еуфорија кај момчињата во жолто-црвено по последниот звук на сирената.

Пласманот меѓу четирите најдобри макар тоа било на второлигашки собир воопшто не е мала работа, поради што разбирливо беше лудувањето на талентите на теренот, но и потоа во соблекувалната. Радоста, сепак, треба да биде контролирана бидејќи имаме помалку од 24 часа да се подготвиме за утрешната полуфинална пресметка со домачинот БиХ. Пласман во А-дивизијата обезбедуваат трите најдобри селекции, што значи дека и со пораз ги задржуваме шансите за промоција, прва за една македонска селекција по пауза од 12 години.