Епски пресврт во Скопје: Србите прокоцкаа плус 21, па од Хрватска загубија - убедливо!

Првиот ден од кадетското Европско првенство (ЕП) во Скопје освен што донесе прв триумф за Македонија беше одбележан и со епскиот пресврт на кошаркарите на Хрватска, кои на крајот убедливо ја совладаа Србија (86-77).

Србите буквално везеа на паркетот во салата „Борис Трајковски“ се до средината од третиот период, кога дојдоа до резултат 56-35, по што како да заборавија како треба да играат. „Коцкестите“ почнаа да погодуваат од секоја позиција, па остатокот од средбата го добија со неверојатни 51-21.

Ова е еден од најголемите пресврти во историјата на кадетскиот континентален собир, по кој Хрватите славеа како да дошле до европската титула, што наиде на револт кај српските медиуми.