Е, вака нѐ личи: Македонија по првото полувреме убедливо ја „гази“ Словачка!

Првпат по подолго време, македонската кошаркарска репрезентација игра како по ноти, потсетувајќи на оние добри времиња од пред неколку години, откако со фантастична игра во втората четвртина обезбеди убедливо позитива по првото полувреме на гостувањето кај Словачја (30-44).

Жолто-црвениот вториот период го добија со 21-8, доволно за одличен капитал пред продолжението од мечот кој се игра во рамки на претквалификациите за ЕП 2021. Најзаслужни за тоа се Војдан Стојановски и Ричард Хендрикс, кои досега имаат постигнато 16 односно 14 поени.

Средбата може да ја следите во живо на следниот линк.