Двајца позитивни на Ковид-19 во тимот на нашиот Димитријевиќ (ФОТО)

Појавата на кошаркари со позитивни тестови на коронавирусот е сѐ почеста во европските клубови, а последен во низа меѓу нив е шпанскиот прволигаш Хувентуд, за кој настапува македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ.

Според информациите од клубот од Бадалона, двајца од овој тим се заразени со Ковид-19, резултат кој се покажал на направениот скрининг на целиот состав. Тие немаат симптоми и веднаш се ставени во изолација и се третирани според протоколот усвоен од ЕНДЕСА-лигата.

Засега не се знаат имињата двајцата позитивни на коронавирусот од таборот на Хувентуд, односно не е познато дали меѓу нив е и нашиот Димитријевиќ.