Добар распоред: Кошаркарите првиот и последните два меча ќе ги одиграат на домашен терен!

Веднаш по ждрепката за квалификациските групи за пласман на Европското првенство (ЕП) 20021 година во Германија, Чешка, Италија и Грузија беше објавен и распоредот на натпревар, кој и тоа како оди во прилог на македонската репрезентација која првиот и последните два меча ќе ги одигра на домашен терен.

Жолто-црвените стартот на патот кон враќање во елитата ќе го има кон крјаот на февруари следната година против големиот должник Естонија, по што следуваат дури три гостувања во низа. Првото е кај Русија во февруари 2020 година, а потоа кон крајот на ноември следната година ќе им гостуваме на Италија и на Естонците. Квалификацискиот циклус го затвораме во февруари 2021 година кога прво ќе ги пречекаме Русите, а потоа и Италијанците.

Пласман на ЕП ќе обезбедат трите најдобри селекции, со тоа што Италија како домаќин веќе има место на континенталниот собир.

Распоред на натпревари

20/21.02.2020
Македонија – Естонија
23/24.02.2020
Русија – Македонија

26/27.11.2020
Италија – Македонија
29/30.11.2020
Естонија – Македонија

18/19.02.2021
Македонија – Русија
21/22.02.2021
Македонија – Италија